Американскиот министер за здравство и социјални услуги Алекс Азар денес поднесе оставка, оценувајќи дека минатонеделниот напад врз зградата на Конгресот на Капитол Хил во Вашингтон е напад врз демократијата и дека „тоа може да го оцрни наследството на администрацијата“, пренесува Си-Ен-Ен.
Во својата оставка до американскиот претседател во заминување Доналд Трамп на 12 јануари, Азар ги спомена и успесите на администрацијата, вклучително и брзиот развој на вакцина и терапија против вирусот корона, за кои рече дека спасиле стотици илјади, па дури и милиони американски животи.
Освен нападот врз Капитол, Азар изрази загриженост и за, како што смета, неоснованите обвинувања на Трамп за широко распространета изборна измама на неодамнешните претседателски избори. – Нападите врз Капитол беа напад врз нашата демократија и традицијата на мирен трансфер на власта – напиша Азар во писмото за оставка. Тој ќе остане на позицијата министер за здравство се додека новиот претседател на САД о Бајден не ја преземе функцијата на 20 јануари.










