Баронот Бенџамин де Ротшилд, банкар и претседател на  Edmond de Rothschild Holding S.A., починал од срцев удар на 57-годишна возраст. Синот на Едмонд Ротшилд, човек кој до својата смрт важеше за најбогат член на ова моќно банкарско семејство, почина во Швајцарија.

Според семејството, тој починал во петокот во неговиот дом. Тој дојде на чело на француско-швајцарската холдинг компанија, со седиште во Женева, во 1997 година, по смртта на неговиот татко. Вредноста на средствата со кои управува холдингот се проценува на скоро 200 милијарди долари.