Армин Лашет е избран за нов претседател на германската ЦДУ, односно за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) денес избра нов лидер на партијата, а во трката за оваа функција, што може да доведе до премиерско место, покрај Лашет, беа и поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и поранешниот лидер на парламентарната група на ЦДУ, Фридрих Мерц. .

Лашет е актуелен премиер на државата Северна Рајна-Вестфалија и важеше за миленик на Ангела Меркел. Конечните резултати треба да бидат потврдени до 22 јануари.