ЈП Комунално Струга текот на денешниот ден започна со чистење од , снег на тротоарите на поглавните улици, чаршијата и кејовите – површините кои ЈП Комунално Струга има обврска да ги одржува во зимски услови и истите се посипуваа со индустриска сол и ризла.
Директорот на ЈП Комунално Струга Иќмет Ислами денес истакна дека од почетокот на снежните врнежи и појавата на мразот, досега се посипани вкупно 4 тони индустриска сол и ризла, а ангажирани се сите човечки и материјални ресурси со кои за таа намена располоага ЈП Комунално Струга.














