Финска соопшти 32 случаи на реакции на вакцината „Фајзер-Бајонтеч“, вклучително и анафилактички реакции. Според финската медицинска агенција Фимеа, „пријавени се алергиски реакции, вклучувајќи анафилактички, мускулни болки, отоци на лимфните жлезди, замор, главоболки, треска“.

Фајми изјави дека нема смртни случаи поврзани со примањето на вакцината и дека немало неочекувани реакции. Fimea собира податоци за вакцината од здравствените работници, но и од обичните граѓани на Финска. Вакцинацијата во Финска започна на крајот на декември, во исто време со другите земји на ЕУ.

Извор:fimea.fi