Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон наутро на инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден на 20 јануари, иако размислуваше да замине на 19 јануари, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.
Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан“.
Според извор на Ројтерс, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.









