Светската здравствена организација денес не сакаше да издаде препорака дека доказот за вакцинација против коронавирус или имунитет треба да биде услов за меѓународно патување. На панелот на независни експерти, СЗО процени дека постојат „критички непознати“ за тоа дали таквата состојба е ефективна во намалувањето на преносот на инфекцијата, пренесува Танјуг.

Панелот ги повика земјите да ги следат новите видови на вирусот, како што се оние што се наоѓаат во Велика Британија и Јужна Африка, за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови.