На социјалните мрежи се појави видео од блиска средба меѓу ирански антиподморнички хеликоптер и американска нуклеарна подморница во Персискиот залив. На социјалните мрежи се појави видео од ирански антиподморнички хеликоптер и американска нуклеарна подморница во Персискиот залив. На снимката е прикажана силуетата на брод над кој лебди хеликоптер на Иранската морнарица SH-3D.
Today, in the Persian Gulf, there was a close contact between the American nuclear submarine and the Iranian anti-submarine helicopter SH-3D. pic.twitter.com/JhhEkFojqB
— ZOKA (@200_zoka) January 14, 2021
Пред два дена иранската морнарица доби два нови брода – тендерот „Макран“ и ракетниот брод „Зерех“. „Макран“ во моментов е најголемиот воен брод на Исламската Република, и може да носи седум хеликоптери. Служи за поддршка на други пловни објекти на отворено море, а првенствено ќе се фокусира на задачи во Индискиот Океан, Баб ел-Мандеб и Црвеното Море.
Тендерот исто така ќе биде пловечка база за мали и брзи чамци на Револуционерната гарда што работи во Персискиот Залив, додека ракетниот брод „Зерех“ ќе служи за одбрана на територијалните води на Исламската република.










