Јужна Кореја побара од Катар да му помогне да го врати бродот запленет од Иран на почетокот на јануари, откако преговорите меѓу Сеул и Иран пропаднаа, јави новинската агенција Анадолу, повикувајќи се на локални медиуми.
Потсетуваме, Иран зароби цистерна која пловеше под знамето на Јужна Кореја, со 20 члена на екипажот, меѓу кои и пет државјани на Јужна Кореја. На 4 јануари, иранската револуционерна гарда зароби брод со 7.200 тони етанол до саудиското пристаниште Ал-Џубаил, за наводна опасност по животната средина.
Бродот моментално се наоѓа во пристаништето Бандар Абас, а Иран бара Сеул да одмрзне ирански имот вреден 7 милијарди долари во Јужна Кореја. Средствата се замрзнати поради санкциите на САД против иранската нуклеарна програма. Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чои Јонг-кун побара помош на состанокот со највисоките катарски претставници во средата, откако во понеделникот не успеа да постигне договор со иранскиот колега Абас Аракчи, објави „Анадолу“









