Унгарија дополнително изврши масовно колење живина поради птичји грип, објави Националната канцеларија за безбедност на храна Небих. „Првично се сомневаше на птичјиот грип поради значително намалување на производството на јајца како дел од интензивното одгледување на 101 000 кокошки несилки во округот Бач-Кискун на југот на земјата“, се вели во соопштението на организацијата.
Врз основа на примерокот, лабораториските тестови во четвртокот потврдија присуство на вирус H5N8, високо патогена форма на вирусот, соопштил Небих, кој нареди колење на живина. Втората епидемија на птичји грип беше откриена во северна Унгарија минатата недела, кога властите наредија колење на 90.000 мисирки.









