Граѓаните на Брисел, главниот град на Белгија, се на нозе поради смртта на тинејџер со африканско потекло, Ибрахим Барија (23), кој почина откако бил уапсен од полицијата.
Демонстрантите го запалиле влезот на полициска станица и полициско возило за време на протестот, а стотици граѓани се насобрале пред полициската станица, во близина на железничката станица во северниот дел на Брисел, јавува агенцијата Анадолија.
За време на протестот можеле да се слушнат пароли „Животот на црнците е важен“, „Правда за Ибрахим“, „Полицајци убијци“, а демонстрантите потоа започнале да фрлаат камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговориле со употреба на воден топ.
Демонстрантите подоцна го запалија влезот на полициската станица и полициски автомобил, се додава во текстот на агенцијата Анадолија. За време на немирите, прозорците на бројните полициски автомобили биле скршени, а насобраните оштетиле банкомати и продавници на околните улици.
Демонстрантите со камења го нападнале и возилото на белгискиот крал Филип, кога тој случајно поминувал низ регионот каде што се одржавле протестите, а засега не е познато дали кралот бил во возилото во тој момент.
Неколку демонстранти биле повредени и пренесени во болница, а 112 лица беа уапсени, од кои 30 малолетни лица.
Solidarity to all the people in Brussels seeking justice for Ibrahima, a 23 year Black man murdered for filming a police search on Jan 9th #JusticePourIbrahima https://t.co/6v19Ajqa5U
— rural plan (@wiIdef) January 13, 2021
Полицијата го уапси Ибрахим Барије со образложение дека тој не се придржувал до мерките преземени во борбата против коронавирусот. Барије направил видео од полицијата со својот мобилен телефон, а потоа избегал. Потоа бил уапсен и однесен во полициска станица, еден час подоцна изгубил свест и починал во болницата каде што бил пренесен, па обвинителството започна истрага за смртта на младиот човек.















