Во петокот попладне настана пад на фреквенцијата во електричната мрежа на континентална Европа, што можеше да предизвика прекин на електричната енергија во цела Европа. Причината за падот на фреквенцијата сè уште не е утврдена.

Европската асоцијација на електрични мрежи потврди дека се случило нарушување на фреквенцијата. Експертот за „Swissgrid“, Каспер Хафнер изјави дека проблемот настанал нешто по 14 часот. „Врз основа на дистрибуцијата на мрежата во Југоисточна Европа, фреквенцијата на мрежата за кратко падна на 49.745 херци“, објасни тој.

Инаку, фреквенцијата во европската електрична мрежа е 50 херци. Европските оператори на електрична енергија успеаја да ја стабилизираат мрежата по еден час. ЕНТСО-Е нареди итна истрага за причините за нарушувања на мрежата. Претседателот на Австриското друштво за снабдување со кризи, Херберт Сауруг на Твитер ја објави веста за падот на фреквенцијата и посочи дека е регистриран пад на моќноста од 3,5 гигавати.

Според него, тоа одговара на истовремено исклучување на неколку електрани. Саург тврди дека немало „за влакно“ бил избегнат целосен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Европа, во споредба со ситуацијата од 2006 година, кога Германија ги исклучи двата најголеми далекуводи, што остави до десет милиони домаќинства без електрична енергија.

Исто така, во февруари 2018 година, беше регистриран пад на фреквенцијата, како што најави тогаш Електричната мрежа на Србија, бидејќи операторот на пренос и пазар на Косово (КОСТТ) постојано отстапуваше од програмата за работа, па многу часовници низ цела Европа доцнеа.

sputniknews