Илјадници Израелци продолжија со протестите со барање долгогодишниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху да си поднесе оставка во врска со обвинувањата за корупција и наводно слабиот одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишуваше „Оди си“ и „Биби, пушти го мојот народ“, користејќи го прекарот на Нетанјаху и цитат од Библијата. Тие се собрале на плоштадот Ерусалим во близина на резиденцијата на Нетанјаху во време кога низ Израел се воспоставени трети ограничувања поради уште еден остар пораст на бројот на заболени од новиот вирус и среде масовна вакцинација против Ковид-19.

Судењето на Нетанјаху требаше да продолжи следната недела, но беше одложено за ново известување заради овие ограничувања. Тој е обвинет за измама, злоупотреба на службената положба во три случаи, вклучувајќи мито во еден од нив и негира дека сторил нешто лошо и тврди дека е жртва на „лов на вештерки“, непријателски медиуми, полициски и судски службеници.

Израел ќе ги одржи своите четврти парламентарни избори за помалку од две години на 23 март, а фокусот на изборната кампања на Нетанјаху е масовната вакцинација. Во меѓувреме, Нетанјаху ги повика Израелците да направат последен голем напор да се запре ненадејното ширење на инфекцијата.

(Вијести.ба / Бета)