Индија објави дека заробила кинески војник во спорната погранична област (провинција Ладах), објави Ал Џезира.

Спорадичните инциденти во пограничната област во источен Ладак не се невообичаени поради неодредената граница, а зголемените тензии во спорната област траат од мај 2020 година.

Постои т.н. „Линија на вистинска контрола“, израз што се однесува на разграничувањето меѓу Кина и Индија, воспоставено по кинеско-индиската војна од 1962 година, од која Пекинг излезе како победник. Оваа линија не претставува меѓународна граница, туку линија за разграничување меѓу кинеската и индиската армија.

„Ал Џезира“ наведува дека ова е второ апсење на припадници на кинеската армија од јуни 2020 година, кога започна краткотраен конфликт, во кој животот го загубија 20 индиски и непознат број кинески војници.

Индиската војска во соопштението наведува дека кинескиот војник бил заробен за нелегално преминување на границата, во област јужно од езерото Пангонг Цо

Поради тешкиот терен, индиските и кинеските војници често случајно завршуваат на „другата страна“.