Во Турција, како дел од мерките за спречување на ширење на коронавирус, стапи во сила полицискиот час што ќе трае викендот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот час стапи на сила во вечерва во 21 часот по локално време и ќе трае до понеделник до пет часот по локално време. Кон крајот на ноември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави нови мерки што вклучуваат полициски час во текот на вечерниот период од работната недела и во текот на целиот викенд.
Одредени сектори се ослободени од оваа мерка, вклучувајќи производство, испорака, здравство и земјоделство. Пазари, продавници, месарници и продавници за суво овошје работат за време на викендот од 10 до 17 часот. Пекари се отворени и за време на викендот. Од друга страна, рестораните ќе можат да нудат достава само од 10 до 20 часот во сабота и недела. Одлуката следеше по зголемениот број на инфекции со коронавируси. Во Турција, во петокот беа пријавени 11.479 случаи на инфекција со коронавирус. Во изминатите 24 часа се потврдени и 186 смртни случаи.









