Демократската конгресменка Ненси Пелоси денеска разговарала со американската војска за тоа како да се спречи Доналд Трамп, „неизбалансираниот претседател“ да ги користи нуклеарни кодови, заканувајќи се дека ќе преземе чекори во Конгресот доколку не се повлече брзо.

„Утрово телефонски разговарав со началникот на Генералштабот на САД Марк Мили за тоа што може да се стори за да се спречи нестабилен претседател да поттикнува воени конфликти или да пристапува до кодовите за лансирање и да нареди нуклеарен напад“, напиша претседателот на Претставничкиот дом во писмото до колегите пратеници.

„Ситуацијата со овој неурамнотежен претседател не може да биде поопасна“, додаде таа, најавувајќи дека Конгресот ќе преземе акција доколку Трамп „брзо и доброволно“ не ја напушти Белата куќа, без да каже за какви чекори станува збор.

Вториот треба да му ја предаде власта на Џо Бајден на 20 јануари. Портпаролот на генералот Марк Мили, полковник Дејв Батлер, за АФП потврди информации за разговорот. Ненси Пелоси „го повика началникот на ГШ. Тој одговори на нејзините прашања во врска со нуклеарниот команден синџир “, без да навлегува во деталите на разговорот.

Американскиот претседател е исто така командант на вооружените сили. Може да издаде наредба за активирање на нуклеарниот код до началникот на стратешката команда, кој ќе го пренесе до нуклеарните бази доколку наредбата е легална. Доналд Трамп, 45-от американски претседател, треба да му ја предаде власта на Џо Бајден на 20 јануари, но Ненси Пелоси во четвртокот рече дека преостанатите денови може да се претворат во „хорор филм за Америка“.

Во меѓувреме, се повеќе соработници на Трамп размислуваат за оставки. Еден од нив е адвокатот во Белата куќа Пат Сиполоне. Тој по изборите неколку пати размислуваше за оставка, но членовите на Сенатот и владата го повикаа да остане на функцијата во корист на Соединетите држави. Иако последниве недели се расправаше со претседателот Доналд Трамп, оваа недела тој делуваше од сенка со распоредување на Националната гарда и охрабрување на Трамп да биде посилен во своите изјави. Хоуп Хикс, една од најблиските соработници на Трамп, размислува и за оставка. Како што им порача на своите соработници, доколку се реши на тој потег, тоа ќе го стори во рок од 48 часа.