Турција објави крај на „заговор“ од курдски милитанти со цел „нарушување“ на интеракцијата меѓу турската и руската армија во северна Сирија, објави синоќа новинската агенција Анадолија, пренесувајќи дека турската војска ги неутрализирала обидите планирани од ЈПГ „Народни сили за самоодбрана“ на сириските Курди, кои официјална Анкара ги смета за терористички, op. Cit.)
Со цел „нарушување на координацијата меѓу Турција и Русија во северна Сирија“. Турската армија, се наведува понатаму, спроведе операција при која беа убиени 5 припадници на ЈПГ при „обид да навлезат во сириските региони каде што се наоѓала турската армија“. Исто така се вели дека минатиот четврток единиците на ЈПГ ги со минофрлачи ги нападнале турските сили во областа на населбата Тел Тамр (крајниот сириски североисточен регион Хасаках долж границата со Турција и Ирак).
Нападот беше извршен од област што претходно ја користеше руската војска како воена база кога започна координацијата на нејзините заеднички операции со турската војска.









