На паркингот во близина на ковид центарот во Неапол, се отворил голем кратер во земјата, длабок 20 метри, истиот бил проследен со бучава, кршење и звук на експлозија.
Тони земја, асфалт, камења и неколку автомобили во близина на паркингот се урнале во бездната. На местото каде што се отворил кратерот, пишува агенцијата Аги, има пожарникари кои заедно со кучињата трагачи се обидуваат да утврдат дали има луѓе меѓу урнатиот материјал и возила.
Засега нема информации за повредени или евентуално исчезнати. Кратерот и уривањето на земјата ги оштетиле каблите и цевките, затоа било потребно да се евакуира хостелот, зградата во која биле сместени полесните пациенти „Ковид“, но централната болница и главниот центар „Ковид“ не биле оштетени или загрозени, па затоа продолжуваат да работат.
Властите ја исклучуваат можноста за намерна експлозија, а полицијата ги истражува причините. Агенцијата потсетува дека во Неапол во последните неколку денови имало обилни дождови.










