Приврзаниците на Трамп насилно упаднаа во Конгресот на Капитол Хил и се судрија со полицијата која не беше ни приближно доволно за да ги спречи. Илјадници демонстранти се уште се пред Конгресот, а бројни камери го забележаа моментот кога некои од нив упаднаа во зградата.

Тие „окупираа“ одредени простории, а пратениците беа итно евакуирани, јавуваат американските медиуми. Мајк Пенс, потпретседател на САД од администрацијата на Трамп, кој во меѓувреме и самиот се побуни против шефот одбивајќи да ја бојкотира очигледна победа на Бајден, од безбедносни причини беше префрлен на тајна локација од страна на полициските сили.