Демонстрантите кои го поддржуваа претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во Капитол, принудувајќи го Конгресот да го прекине процесот на потврдување на резултатите од претседателството.
Група приврзаници на претседателот во заминување влегоа во салата на статуите во Капитол, седиштето на Конгресот на Соединетите држави каде се одвива процесот за потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, спренесува Си-Ен-Ен.
Демонстрантите маршираа низ заштитните бариери поставени околу зградите на Конгресот. Полицијата употребува солзавец и шок бомби, неколку лица биле повредени.









