Во Норвешка, две лица починале откако примиле вакцина против коровавирусот Ковид-19, изработена од американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер БиоНТех.
Ова го објави норвешката агенција за лекови. Според агенцијата, и двете починати лица живееле во еден од домовите за стари лица. „Во вторникот, на 5 јануари, добивме два извештаи за смртни случаи кои се случија неколку дена по вакцинирањето“, се вели во извештајот.
https://legemiddelverket.no/nyheter/dodsfall-hos-sykehjemsbeboere-etter-koronavaksinering
Исто така, беше наведено дека експертите треба да анализираат дали инјекцијата на лекот е причина за смртта или е случајност смртта да се случи кратко време по вакцинирањето. Директорот на норвешката агенција за лекови Штајнер Мадсен изјавил: „Треба да процениме дали вакцината е причина за смртта или е случајност што се случи набргу по вакцинацијата“. Исто така беше речено дека во моментов вакцината во Норвешка ја примаат „најслабите и најранливите кои имаат сериозни болести“.
Во Норвешка, вакцинацијата против Covid-19 со вакцината на Pfizer / BioNTech започна на 27 декември минатата година. Први кои биле вакцинирани биле одделенијата на дом за стари лица во Осло. Според агенцијата, околу 400 луѓе умираат секоја недела во норвешки домови за стари лица.
„Норвешката агенција за лекови и Националниот институт за јавно здравје внимателно следат дали оваа бројка ќе се промени откако жителите на домовите за стари лица ќе ја примат вакцината“, се вели во извештајот на норвешката агенција.
Потсетуваме: Норвешките смртни случаи се случија по непријатниот настан во Португалија, каде млада докторка од Центарот за онкологија во Порто почина ненадејно во семејната куќа само два дена откако беше вакцинирана со вакцина Pfizer / BioNTech, иако, според тврдењето на нејзиниот татко, таа немала здравствени проблеми.
Извор:geopolitikanews










