Најмалку 31 лице е повредено во експлозијата во кафуле во Урошевац, потврди локалниот обвинител Шукри Јашари, како пренесува РТС. Причината за експлозијата е непозната. Меѓу повредените има и две деца. Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, соопшти дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осум се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.

„Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност“, изјавил Зеќири. Точната причина за експлозијата сè уште не е позната, но приштинските медиуми пренесуваат дека најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца.

(Вијести.ба)