Националниот институт за јавно здравје на Словенија досега добил еден извештај за несакани ефекти по вакцинирањето против коронавирус и еден извештај за смртта што се совпаѓа со вакцинацијата во еден од домовите за стари лица, објави синоќа словенечката новинска агенција (СТА).
Институтот го извести Министерството за здравство,дека ќе свика комисија за вакцинација, која детално ќе го испита случајот. Министерството за здравство ќе ги информира надлежните институции и јавноста за наодите, се наведува во соопштението на институтот.
Словенечките медиуми објавија дека лицето во старечкиот дом починал откако бил вакциниран со вакцината Пфајзер против Ковид 19, но дека починатиот имал и други повеќе поврзани болести и дека е малку веројатно вакцинацијата да има врска со смртта. ”
Податоците за несаканите ефекти за време на вакцинацијата ги собира Институтот за јавно здравје. Секој настан поврзан со вакцинацијата се анализира за да се утврди дали има некаква врска”, им изјавил на новинарите државниот секретар во Министерството за здравство, Марија Магајне.
Роман Јерала од Институтот за хемија во Љубљана за словенечката телевизија изјави дека сега, откако биле вакцинирани со вакцината Пфајзер, што исто така се користи во Словенија, се регистрирани два смртни случаи кај лица кои биле вакцинирани, и двете се поврзани со други придружни болести кај мртвите. Тој посочи дека ниту еден од тие два случаи не бил директно поврзан со самата вакцинација.
(Вијести.ба / Срна)









