Грција и Израел ќе потпишат договор за воена соработка во висина од 1,68 милијарди американски долари, кој вклучува продажба на израелски авиони и отворање на пилотско училиште за припадници на грчкото воено воздухопловство, објави „Ерусалим пост“.
Грчката влада го одобри договорот, според израелското Министерство за одбрана, според „Јерусалим пост“ Договорот вклучува продажба на десет авиони М-346 (Лави), отворање пилотско училиште за грчка авијација што ќе ја води израелската компанија „Елбит системи“, одржување на авиони Т-6 (Ефрони), логистичка поддршка, соработка во обука на војници итн.
Израелското Министерство за одбрана наведува дека договорот е вреден околу 1,68 милијарди долари и дека ќе трае над 20 години. „Тоа е долгорочно партнерство кое ќе им служи на интересите и на Израел и на Грција, ќе создаде стотици работни места во двете земји и ќе ја промовира стабилноста на Медитеранот“, рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.
Со овој потег, Грција секако дополнително ќе ја зајакне соработката со моќен сојузник, додека тензиите на линијата Анкара-Атина растат. Потсетуваме, како што пишувавме претходно, турскиот претседател сигнализираше дека сака да ги подобри односите со Израел, при што, според порталот Аксиос, Азербејџан требаше да биде медијатор.
Но, истиот портал напиша дека нема да ги подобри односите со Турција на начин што ќе значи влошување на добрите односи со Грција и Кипар.
