Австрија ефективно ќе продолжи со заклучувањето на државно ниво до 24 јануари откако владата ги отфрли плановите за отворање продавници и други установи за луѓе кои се негативни за коронавирус.

Третото заклучување (lockdown)во Австрија започна на 26 декември. Нивниот првичен план беше да се отворат ресторани, несуштински продавници и фризерски салони, меѓу другото, од 18 јануари за луѓето кои би можеле да докажат дека се негативни на КОВИД-19.

Но, австриската новинска агенција во понеделникот објави дека министерот за здравство Рудолф Аншобер изјави дека тоа нема да биде можно поради спротивставувањето на опозицијата.