Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) достави помош за граѓаните на Петриња и Сисак кои беа погодени од земјотресот со јачина од 6,3 степени на 29 декември.

Во соопштението на ТИКА се наведува дека тие им поделиле помош во ќебиња на локалните власти за да им помогнат на ранливите жители. Се додава дека претставниците на ТИКА се состанале и со официјалните лица на Сисак и Петриња.

Во придружба на хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ и европскиот комесар за кризни ситуации Јанез Ленарчиќ, тие ги посетија и областите погодени од земјотресот. Министерот Божиновиќ и се заблагодари на ТИКА за помошта, а градоначалниците изразија благодарност за поддршката што ТИКА ја испрати во регионот веднаш по земјотресот.