Турскиот лекар, и специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Серхан Куртулмуш развил сет кој открива коронавирус во примерок од урина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тој изјави дека работи на развој на сетот од март годинава и дека со помош на тој тест е можно да се откријат специфични елементи на коронавирусот што предизвикува инфекција со КОВИД-19 за само 15 секунди.

– Тестот доби одобрение од голем број локални медицински установи и е лиценциран од Министерството за здравство на Турција – изјавил Куртулмуш. Посочувајќи дека тестот за урина се покажа како многу посигурен од другите видови што постојат на пазарот, Куртулмуш истакна дека научниот труд за тоа е објавен во меѓународно научно списание.

– Нашата цел беше да направиме тест што луѓето ќе можат да го користат за да го тестираат коронавирусот на најбезбеден, најбрз и најсигурен можен начин – изјавил Куртулмус и додаде дека ова е прв тест на урина за коронавирус.