Првиот контингент вакцини против коронавирусот (Ковид-19) од Кина во Турција стаса во утринските часови, а станува збор за три милиони дози вакцини во 17 контејнери сместени во авион на „Туркиш ерлајнс” (THY), јавува Агенција Анадолија (АА).

Авион од Пекинг слета на аеродромот во Анкара и започна сместувањето на вакцините во складишта.

Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, потврди дека авионот со првиот контингент вакцини слета на аеродромот „Есенбога“.

Како што рече, тестовите ќе траат 14 дена.

„Штом тестовите ќе бидат завршени, нашата програма за вакцинација ќе се одвива под координација на Генералната дирекција за јавно здравство. Заедно ќе успееме“, рече министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа.