Турција и Велика Британија во вторник ќе потпишат договор за слободна трговија. „Фајненшл тајмс“ наведува дека Анкара и Лондон го договориле текстот на „договорот за континуитет“, според кој остануваат во сила истите трговски услови како и за време на британското членство во Европската унија.
Турција е 17-та на листата земји со најголеми увозници на британски производи, додека Велика Британија е втор по големина турски пазар за извоз. „Договорот што ќе го потпишеме оваа недела обезбедува договори за бесцарински трговски активности и ќе им помогне на нашите трговски врски, во вредност од 18,6 милијарди фунти минатата година. Toj ќе обезбеди сигурност за илјадници работни места низ Велика Британија во производствената, автомобилската и челичната индустрија “, изјавила британската министерка за трговија Лиз Трус.
Велика Британија е исто така најголем извозен пазар за турски апарати за домаќинство (на пр. Беко).







