Повеќе од илјада демонстранти се собраа денеска пред Парламентот на Црна Гора, протестирајќи против најавените измени во Законот за слобода на вероисповед.

Скандирајќи: “Дритан Србине! Дритан педер! Ова не е Србија”, како и “Владата паѓа, паѓа среде Титоград! Е вива Црна Гора!” Ситуацијата е прилично вжештена и засега нема инциденти.

Пред Собранието има бројни полициски сили. Со аплауз граѓаните го пречекаа поранешниот премиер Душко Марковиќ и претставниците на опозицијата со пораката: „Не ја даваме државата!“

Повеќето навреди се упатени на Дритан Абазовиќ. Демонстрантите се спротивставуваат на измените на Законот за слобода на религијата.