Русија денес ја одобри вакцината Спутник V против коронавирус за лица над 60 години, соопшти Министерството за здравство на земјата. Луѓето постари од 60 години досега беа исклучени од националната програма за имунизација во Русија.
Бидејќи вакцината е тестирана одделно во оваа возрасна група, сега е потврдена нејзината безбедност за оваа категорија на население. Потсетуваме дека прелиминарните податоци од клиничките испитувања покажаа дека ефективноста на руската вакцина е 69,3 проценти по првата доза и 96,2 проценти по втората.
(Вијести.ба / Срна)








