Пукање во Берлин, четири лица повредени

by Administrator

Четири лица се повредени во пукотница што се случи рано утрово во Берлин, главниот град на Германија, соопшти полицијата.

Портпарол на полицијата изјави дека четири лица биле пренесени во болницата по конфликтот во кој учествувале неколку лица во населбата Кројцберг.

Тој додаде дека нема индиции дека станува збор за политичка пресметка. Противпожарната служба во Берлин претходно објави дека во пукањето сериозно се повредени три лица.

(Вијести.ба / Срна)

You may also like