Израелските воени авиони денес рано наутро извршија напади врз Појасот Газа, која е под блокада, и во кои напади детската болница „Мохамед Дура“ претрпе голема штета.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се вели дека Детската болница Мохамед Дура, лоцирана во областа Туфах во источна Газа, е сериозно оштетена во нападите на израелските сили.

Додадено е дека имало и голема паника кај децата во болницата, персоналот и медицинските тимови. Министерството за здравство соопшти дека по израелскиот напад, обезбедувањето здравствени услуги било отежнато, а во нападот биле оштетени просториите за пациентите и биле искршени прозорците на установата. Се наведува дека нападот сериозно влијаел и на психата на децата кои биле хоспитализирани.

Израелските воени авиони извршија напади врз појасот Газа. Извори во Газа во саботата потврдија дека израелските воздушни сили повеќепати биле насочени кон региони кои им припаѓале на Палестинците. Израелската војска на Твитер објави дека погодила цели на Хамас во Газа. Нападите се случија откако Израел објави дека две ракети, лансирани од Газа, биле пресретнати од нивниот одбранбен систем „Желелезна купола“ во петокот.