Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија известува дека лицата кои ќе остварат влез во Турција по воздушен сообраќај почнувајќи од 28.12.2020 (понеделник) и лицата коишто ќе остварат влез по копнен и поморски сообраќај почнувајќи од 30.12.2020 (среда) ќе мора да приложат негативен ПЦР тест за коронавирус направен во последните 72 часа пред влезот во земјата/
Лицата кои ќе изјават дека немаат место за престојување ќе бидат сместени во карантин на лица одредени од страна на локалните здравствени директорати.
Имено, на 7-миот ден од карантинот ќе се направи ПЦР тест, при што на тие што резултатите од тестот ќе им бидат негативни, карантинот ќе им заврши на крајот од 7-миот ден, додека пак на оние кои ќе имаат позитивен тест лекувањето ќе им се продолжи согласно ковид-19 упатството на Министерството.









