Турскиот брод за сеизмолошки истражувања „Оруч Реис“ исплови денеска од пристаништето во Анталија за да продолжи со енергетските истражувања на истокот на Средоземното море.

После 23 дена поминати во пристаништето поради редовно сервисирање и снабдување, турскиот брод, придружуван од бродовите Атаман и Ценгиз, повторно пловеше кон источниот Медитеран. Надлежните турски служби претходно објавија поморска порака (НАВТЕКС) за навигациската рута и истражувачката мисија, која ќе трае до 15 јуни следната година.

Турција е земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот и е решена да ги заштити своите права и континенталниот гребен на истокот на Средоземното Море. Оруч Реис има капацитет да изведе тродимензионални записи на длабочина од осум километри, и дводимензионални до 15 километри. Тој е еден од ретките посветени бродови во светот што врши дводимензионални и тродимензионални геолошки и сеизмички истражувања.