Откако однјануари идната година кога Јапонија ќе се поврзе со Европа преку транссибирска железница од јануари следната година, и на тој начи ќе ги достави своите производи на европските потрошувачи на најбрз и најевтин начин, сега тоа истото го прави и Кина, ама преку јужна рута – преку Казахстан до Истанбул и понатаму кон Европа.
Вчера, турската државна телевизија ТРТ објави дека првиот товарен воз Турција-Кина пристигнал на својата дестинација како дел од своето „историско патување“. Возот тргнал од Истанбул на 4 декември и за две недели патување преминал на два континента, две мориња и пет земји пред да пристигне во кинескиот град Ксиан.
Според турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Адил Караисаилоглу, ова е важна пресвртница за Евроазија: првиот воз за превоз на стоки од Турција до Кина пристигнал на својата дестинација. „Кинескиот извозен воз му ја соопшти на светот логистичката сила на Турција од секој минат град.
Ова е наша победа во железничкиот транспорт “, напишал министерот на Твитер. Возот поминал растојание од 8.693 км низ Турција, Грузија, Азербејџан, Каспиското Море и Казахстан до кинеската метропола. Според турското Министерство за надворешни работи, возот поминал низ транскаспискиот коридор Блиски исток-Запад преку железничката пруга Баку-Тбилиси-Карс.
„Историското патување“ опфати повеќе од 2.300 километри низ Турција, 220 километри преку Грузија, 430 километри преку Азербејџан, 420 километри преку Каспиското Море (со траект), 3.200 километри преку Казахстан и 2.100 километри низ Кина.
Извор:Geopolitika










