Главната индустрија на турската одбранбена индустрија и на стотици фирми на ниво на мали и средни претпријатија во Турција испрати порака дека во потполност се посветени на целта за „целосно независна одбранбена индустрија“ наспроти одлуката на САД за воведување санкции кон Турција поради купувањето на одбранбениот систем С-400 од Русија.

Халук Бајрактар, претседател на бордот на директори на најголемиот турски индустриски конгломерат САХА Истанбул, во кој се вклучени 574 компании и институции кои работат во кластерите за одбрана и воздухопловство, во врска со санкциите изјави: „Ембаргото или санкциите ќе бидат само движечка сила зад следниот чекор на Турција. Каква било нефер одлука против нашата земја е причина за развој, за производство и нè приближува уште еден чекор кон целосна независност и во одбранбената технологија. Секоја блокада за Турција значи поголема национализација, поголема локализација.“

– „Продолжувањето со производство е најдобриот одговор“

Реакција даде и „ОСТИМ Здружение на индустриски кластери во одбраната и воздухопловството“ (OSSA) како чадор-организација во чиј состав се наоѓаат 269 фирми на ниво на мали и средни компании. Митхат Ертуг, претседател на Управниот одбор на ОССА, истакна дека под раководство на Претседателството на одбранбената индустрија (SSB) на Турција, како во минатото, така и денес Турција уште повеќе ќе ги зацврсти чекорите што ги направи на патот да стане глобален актер на полето на индустријата за одбрана.

Истакнувајќи дека најдобриот одговор кон целосно независна одбранбена индустрија, ослободувајќи се од надворешната зависност во критичните потсистеми и технологии претставува продолжување со работата и производството, Ертуг изјави:

„Како ОССА, подготвени сме да ги мобилизираме сите наши ресурси за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и издигнување на нивната способност на уште повисоко ниво, со цел да дадат поголем придонес во секторот. И покрај сите потешкотии, ОССА, во чија структура членуваат 269 силни мали и средни претпријатија подизведувачи, забрзано ќе продолжи со своите активности во согласност со целта на нашата земја да стане глобален актер во областа на индустријата за одбрана. Ќе продолжиме да работиме и да произведуваме за помоќна одбранбена индустрија за опстанокот на нашата земја, единството на нашата држава и нација, при што ниту една сила нема да може да нè спречи на тој пат.“

– „Има ризици, има и можности“

Орхан Ајдин, претседателот на ОСТИМ (Центар за индустрија и трговија на Блискиот Исток), изјави дека ја осудуваат и отфрлаат одлуката на САД за санкции, додавајќи дека го поддржуваат претседателот на ССБ, Исмаил Демир, и турската државна администрација.

Нагласувајќи дека Демир и неговите колеги не се подложени на овие санкции поради лична работа, Ајдин рече:

„Почитуваниот Исмаил Демир и неговите колеги се симболот на нашата земја и ние треба до крај да стоиме покрај нив и да ги следиме. Турција се соочува со критичен процес, кој има ризици, можно е да има загуби, но исто така е можно тоа да се претвори во придобивка, да се претвори во можност. Користејќи го тоа, постигнавме можност за исполнување на многу наши потреби, исполнувајќи ги капацитетите на нашите компании. Важно е да вложиме напори, да ги ставиме еден до друг, да ги наредиме еден врз друг формирајќи целина која ќе се претвори во синергија. Во некои области станавме независни и способни сме самите да ги изработиме. Верувам дека и тука ќе се изнајдат решенија за Турција.“

Посочувајќи дека околу Турција треба да се изгради група на пријатели, Ајдин истакна: „Организациите Економска соработка на Црното Море, Д-8 беа добар кластер. Нив ги завршивме на ниво на состаноци и тие сè уште на хартија имаат за возврат, но потребно е и ние да направиме движење на здружување. Потребно е земјите да ги донесеме на едно место, воспоставувајќи здружување засновано врз права и закони.“