Протести во Израел: Илјадници демонстранти бараат оставка од Нетанјаху

by Administrator

Синоќа се одржаа масовни антивладини протести во повеќе израелски градови во кои демонстрантите побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Најмасовните протести се одржаа во Ерусалим, Тел Авив и Кејсарија, а илјадници демонстранти излегоа на улиците од незадоволство од неуспешната борба против пандемијата КОВИД-19.

Протестите во Ерусалим започнаа со собир на демонстранти пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху. Једиот Ахронот известува дека полицијата привела најмалку 13 демонстранти.

Во Тел Авив демонстрантите го блокираа сообраќајот на неколку мостови и крстосници. -Дојдовме да се спасиме од оваа темнина – било напишано на голем транспарент на протестите пред куќата на Нетанјаху во Кисарија. Антивладини протести се одржуваат скоро четири недели во Израел, барајќи оставка од Нетанјаху, а демонстрантите ја обвинуваат и владата за лошо управување со борбата против пандемијата.

Извор: Анадолија

You may also like