Албанската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои трета ноќ по ред се собираат во центарот на Тирана во знак на протест против полициската бруталност.

Албанските медиуми наведуваат дека на почетокот на протестот полицијата уапсила неколку млади момчиња кои фрлале камења и шишиња кон специјалните единици. Првиот судир меѓу полицијата и демонстрантите се случил пред зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, на чие обраќање е испратена главната критика кон демонстрантите.

Центарот на Тирана е обезбеден од околу 1.500 полицајци. Демонстрантите и полицијата се судрија во центарот на Тирана во три наврати откако полицаец го уби младиот човек Клаудијан Раша откако тој не одговори на повиците да запре за кршење на полицискиот час.

Веднаш потоа, албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Лесај поднел оставка.

Најмалку 25 лица се повредени во немирите во Тирана досега.