На стотици Израелци, кои денес наутро слетале во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), им беше кажано дека не можат да влезат во земјата поради визни проблеми, објави „Тајмс оф Израел“ на 7-ми декември.
Инцидентот на аеродромот во Дубаи се случи само неколку дена откако Обединетите Арапски Емирати објавија дека ќе започнат да им дозволуваат на Израелците да влегуваат со туристички визи, додека во меѓувреме двете земји работат на договор за трајно укинување на визите по неодамнешното нормализирање на нивните односи и мировниот договор.
Вашингтон, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Околу 200 израелски патници, кои пристигнаа со Флај Дубаи во раните утрински часови, биле информирани за промените во прописите за виза, според кои само оние „кои имаат неизраелски пасоши“ можат слободно да влезат во арапската монархија.
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Лиор Хајат подоцна изјави дека проблемот е решен и дека Израелците наскоро ќе можат да влезат во ОАЕ откако ќе пополнат образец за е-виза. Проблемот, како што е објаснето во Министерството за надворешни работи, настанал „поради недостаток на разбирање дали патник или туристичка компанија треба да добие виза“. Подоцна, во посебна изјава на израелското Министерство за надворешни работи, беше речено дека инцидентот е решен со интервенција на официјални лица на „највисоко ниво“. Владата на ОАЕ сè уште не даде коментар за инцидентот.










