Европската унија повика на истрага за убиството на палестинско момче

by Administrator

Делегацијата на Европската унија за Палестина повика на истрага за убиството на палестинското момче Али Абу Али (14).

Али беше застрелан во стомакот за време на протестите во петокот, кои се одржаа против кражбата на палестинска земја од страна на Израел, во селото Ал-Мугаир во близина на Рамала.

Али почина во локална болница, соопшти палестинското Министерство за здравство. „Децата уживаат посебна заштита според меѓународното право“, соопшти делегацијата на ЕУ во објавата на Твитер, додавајќи: „Уште колку палестински деца ќе бидат жртви на прекумерна употреба на сила од страна на израелските сили?

Овој шокантен инцидент мора итно и целосно да се испита од израелските власти за да бидат изведени сторителите пред лицето на правдата “. Вчера, телото на момчето Али, завиткано во палестинско знаме, беше пренесено низ улиците на Рамала и Ал-Мугаир, а беше одржана и неговата погребална служба и тој беше погребан.

Палестинските групи го осудија последното злосторство на ционистичките сили и повикаа на нивно прогонување „со сите расположиви средства“.

You may also like