Медиумите на еврејски јазик објавија дека во Источен Кудс (Ерусалим) се одржаа демонстрации  против ционистичкиот премиер Бенјамин Нетанјаху 24-та последователна недела.

За време на демонстрациите бил убиен еден 80-годишен демонстрант, а 20 лица биле уапсени. Во врска со мртвиот демонстрант, израелската полиција објави дека истрагата е во тек и дека „не постои можност за намерно ранување“.

Сведоци изјавиле дека старецот често учествувал во демонстрации што се организираат со месеци против сегашниот премиер на Израел, и кои бараат негова оставка. Судири меѓу полицијата и демонстрантите се случија и во близина на резиденцијата на Нетанјаху, што заврши со апсење на 20 демонстранти.