Одлуката на Бахреин да се откаже од увоз на производи на еврејски доселеници од Западниот брег под израелска окупација го налути Израел.

Како одговор на таквата одлука на Манама, израелскиот канал 12 објави дека Бахреин ја сменил својата позиција и нема да увезува стока произведена во ционистичките населби на Западниот брег и Голанската висорамнина.

Во извештајот се наведува дека министерот за трговија, индустрија и туризам во Бахреин претходно изјави дека Бахреин нема да прави разлика помеѓу стоката увезена од окупираните палестински територии и еврејските населби, што му дава големи надежи на ционистичкиот режим.

Но, Бахреин во саботата објави дека Манама никогаш нема да увезува стоки од ционистичките населби. Исто така беше речено дека зборовите на министерот се неразбрани и дека има недоразбирање. Но, некои извори тврдат дека Бахреин решил да ја промени својата одлука откако изјавите на министерот за трговија ја разбеснија Палестина.