Иранскиот министер за енергетика Реза Ардаканиан изјави дека Иран и Катар постигнале целосен договор за проширување на економските односи и соработка.
Во ексклузивното интервју за Иран прес денес по состанокот на владата, Ардаканин зборувал за состанокот на Заедничката економска комисија на Иран и Катар, што се одржа во Исфахан на 20 ноември. Тој истакнал дека двете страни постигнале целосен договор во врска со проширувањето на економската соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Катар е под економска блокада од страна на Саудиска Арабија и нејзините сојузници, а една од земјите што по воведувањето на блокадата прв дојде на помош на Катар беше Иран.
Катарските власти постојано нагласија дека нема да ја заборават навремената и пријателска реакција на Иран и помошта што Исламската Република му ја дава на Катар во тешките денови.








