Саудиска Арабија во Катиф ќе ја сруши џамијата на Шеикот Нимр

by Administrator

Саудиски активист ја откри одлуката на саудиските власти за уривање на џамијата Шеикот Нимр во источната провинција Ал Катиф. Според либанскиот портал Ал-Ахед, Адел Саид, саудиски активист, изјавил дека саудиските власти издале наредба за рушење на џамијата „Имам Хусеин“ во градот Ал-Авами, во која живее мнозинство шиитско население.

Саид ја посочи симболиката на таа џамија и објасни дека шеикот Нимр Бакир Ал-Нимр, водачот на саудиските шиитски муслимани, кој беше погубен од саудиските власти, држел худби во таа џамија. Саудиските власти ја продолжуваат својата војна против следбениците на Ахл ал-Бејт во провинцијата Катиф.

Тие сакаат да ги избришат сите траги кои потсетуваат на маченикот Нимр, рече тој, додавајќи дека во таа саудиска провинција на истокот на земјата се вршат бројни апсења на шиитското население.

You may also like