Словенија вчера го прогласи Хезболах за „криминална и терористичка организација што претставува закана за мирот и безбедноста“, објави словенечката новинска агенција СТА. Словенија со тоа стана шестата членка на Европската унија која целосно го забрани Хезболах, пишува Ерусалим пост. СТА пишува владата доопшти дека „активностите на Хезболах се поврзани со организиран криминал и терористички или паравоени активности на глобално ниво“. „Ерусалим пост“ пишува дека Европската унија ги забранила активностите на „военото крило“ на Хезболах во Европската унија, но не и на „политичкото крило“.

Хезболах е паравоена организација и шиитска политичка партија која често учествува во либанските влади. Израелските медиуми потсетуваат дека во последните шест месеци, 9 земји целосно го забранија Хезболах, вклучително и Естонија и Летонија. Израелскиот министер за надворешни работи ја поздрави словенечката одлука. Во 2006 година, Израел водеше војна против Хезболах во јужен Либан.