Алжирскиот министер за комуникација и портпарол на Владата, Амар Билхајмер, истакнувајќи дека веќе некое време неговата земја е подложена на вербално „бомбардирање“ од Франција, рече дека тоа е „безобразност“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за алжирската официјална новинска агенција АПС (APS), Билхајмер, осврнувајќи се на критиките од Европскиот парламент (ЕП) во врска со состојбата со човековите права во земјата, рече: „Алжир е вербално бомбардиран од Франција. Овие напади се вршат преку Европскиот парламент (ЕП), невладините организации, па дури и преку социјалните медиуми.“

Владиниот портпарол ги опиша нападите како „безобразност“.

Европскиот парламент во четвртокот, на 26 ноември, ја одобри нацрт-резолуцијата со наслов „Состојбата на човековите права во Алжир“, и истакна дека состојбата со човековите права во Алжир е алармантна.

„Ниту една европска земја не може да се меша во нашите внатрешни работи со таков груб и неприфатлив метод“, се истакнува во писмената изјава од Министерство за надворешни работи на Алжир.

Во изјавата, исто така, се предупредува дека овој чекор што го презеде ЕП се опишува како „навреда и понижување“ и дека ќе им наштети на односите Алжир – Европа.

Во соопштението се посочува дека документот „има непријателски стил и има патријархален менталитет од колонијалната ера против алжирскиот народ“.

ЕП, исто така, одобри нацрт-резолуција за политичката состојба во Алжир во ноември 2019 година. Тогаш алжирските власти го опишаа тој чекор како „ароганција“ и се заканија дека ќе ги преиспитаат односите со институциите на Европската Унија.