Екипите на ЈП Комунално Струга денес започнаа со уредување на нова зелена површина од 12000м² во градот Струга на локацијата наспроти Ракометното игралиште Женска плажа. Ќе се подигне нов парк на местото каде што до неодамна имаше запуштен простор и дива депонија.

Просторот веќе хортикултурно се уредува, ќе бидат засадени и 100 високо квалитетни садници од зимзелено дрво бор, а дополнително ќе биде поставена нова хидратанска мрежа во вкупна должина од 1000 метри со 100 прскалки.

Во паркот ќе бидат поставени и нови клупи за седење, како и корпи за отпадоци.Директорот на ЈП Комунално Струга ИЌМЕТ ИСЛАМИ истакна дека ова е само еден од парковите кој ќе бидат изградени на површини каде што предходно беа запоставени и натрупани со ѓубре, а зазеленувањето на градот Струга останува на врвот на приоритетите на ЈП Комунално Струга.

 

Канцеларија за односи со јавноста на Општина Струга