Демонстрации во Лондон: Приведени најмалку 150 лица

by Administrator

Најмалку 150 лица биле приведени за време на демонстрациите одржани вчера во Лондон во знак на протест против мерките преземени против епидемијата на коронавирус (КОВИД-19).

Во соопштението на лондонската полиција се вели дека вчера биле преземени голем број мерки за да се спречи собирање на граѓаните и да ги охрабри да останат во своите домови.

За време на интервенциите, најмалку 150 демонстранти беа приведени за кршење на мерките КОВИД-19, напад врз полицијата и поседување дрога.

“Ова беше тежок ден за метрополитен, Лондон Сити и британската сообраќајна полиција. Апсењата беа извршени затоа што демонстрантите намерно го прекршија законот, ги нападнаа нашите службеници и го нарушија сообраќајот”, изјави главниот полициски комесар Стјуарт Бел.

Членовите на иницијативата „StandUpX“ против вакцинацијата и мерките КОВИД-19 се собраа во различни делови на Лондон во саботата, а полицијата интервенираше, бидејќи сите собири беа забранети поради национален карантин.

(Вијести.ба)

You may also like