Новинарите без граници (РСФ) го осудуваат полициското насилство на вчерашните демонстрации низ Франција.

Генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар, објави твитер за полициското насилство на протестите во Франција.

Делоар сподели фотографија на Амер ал-Халби, кој побегна од режимот на Асад во Сирија и работи како хонорарен фоторепортер во Франција, во болнички кревет со тампон во носот и крв на лицето, тврдејќи дека бил претепан со пендрек од полицијата.

– Ние сме во целосна солидарност со Амер ал Халби. Ова полициско насилство е неприфатливо – напишал Делоар, истакнувајќи дека Ал-Халби и уште неколку сириски новинари, кои дошле во Франција како баратели на азил, треба да бидат заштитени, и да не бидат изложени на таква опасност.

Фоторепортерот Габриел Сезард, кој исто така бил на протестите со Ал-Халби, за француските медиуми изјави дека полицијата за време на протестот прво фрлила солзавец кон новинарите. Според неа, сите претставници на медиумите биле до еден ѕид и било многу лесно да се заклучи дека сите новинари биле таму, но и покрај тоа, полицијата интервенирала врз нив користејќи палки.

– Амер беше единствениот фотограф кој не носеше кацига. Одеднаш го изгубив, а потоа го најдов опкружен со луѓе, лицето беше покриено со крв и завои – изјави Сезард.

Добитникот на меѓународната награда за фотографија, Амер ал-Халби, исто така, го освои второто место на престижниот конкурс за фотографии на Фондацијата за фотографии во светот во 2017 година во категоријата „фотографија со вести“, за фотографија на која се гледаат урнатините на Халеп

Со друга фотографија што ја направи на Алепо во 2017 година, Ал-Халби ја освои и наградата Баје Калвадос Нормандија.
Извор: Анадолија